"Деца на сонцето" на фестивалот во Белград и Белоит

24/02/2015

             

"Деца на сонцето" филм на Антонио Митриќески, е селектиран за учество на  43 издание на филмскиот фестивал ФЕСТ во Белград, кој ќе се одржи од 27 февруари до 8 март 2015 година. На ова издание на ФЕСТ ќе се прикажат околу 80 филмови во две натпреварувачки селекции, кои ќе се натпреваруваат за наградата "Небојша Ѓукелиќ" за најдобар филм во регионот, за која ќе одлучува тричлено жири.

Филмот ќе биде прикажан и во конкуренција на долгометражни остварувања на Меѓународниот филмски фестивал во Белоит, САД (20ти февруари - 1ви март).

Филмот е копродукција со Србија и Црна Гора, по сценарио на Гордан Михиќ, а македонски продукции се „Хоризонт продукција“ и „Револушн продукција“. Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, костимограф е Зорица Тодорова-Младеновиќ а главните улоги на Ангела и Марко ги толкуваат младите Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ.