Отворен е конкурсот за CineLink Ко-продукциски Маркет

02/12/2011

 

Од 1ви декември отворен e конкурсот  за партиципација во CineLink работилницата за развој на проекти и Ко-продукцискиот Маркет. На конкурсот можат да аплицираат  филмски работници од Југоисточна Европа. 
Краен рок за апликација е 27ми февруари 2012.
Проектот CineLink е столб на Сараевскиот филмски фестивал, тој е платформа за европска ко-продукција, за внимателно избраните проекти. CineLink е отворен за долгометражни проекти со потецијал за дистрибуција, создадени од автори од Албанија, Австрија, босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грузија, Грција, Унгарија, Македонија, Малта, Црна Гора, Романија, Србија, словенија, Турција и Косово.

Повеќе информации за конкурсоот и правилата за аплицирање можете да ги најдете на следниов линк: 
http://www.sff.ba/news/show/id/874/culture/en