Отворен е повикот за ко-продукцискиот маркет CineLink во Сараево

09/01/2018

 

Сараевскиот Филмски Фестивал го објави првиот повик за аплицирање за копродукцискиот маркет CineLink 2018 година. Крајниот рок за поднесување на проектите е 10 февруари 2018 година. 

Повикот е отворен за 6 нови проекти, кои се прв или втор филм на режисерот и се во фаза на развој или финансирање. Проектите може да бидат во многу рана фаза, но барем треба да имаат приклучено продуцент, сценарист и режисер. Можно е да се аплицира со тритмент, но доколку проектот е селектиран, ќе треба да се приложи исценарио до крајот на февруари 2018 година.

Повеќе информации на следниот LINK.