Заврши снимањето на краткиот игран филм „Магнолија“

01/09/2017

 

 

Во периодот од 20.08 до 23.08 беше реализирано снимањето на краткиот игран филм „Магнолија“, во режија и по сценарио на Ана Опачиќ.

Улогите во филмот ги толкуваат Искра Ветерова, Сенко Велинов и Никола Стефанов, а директор на фотографија e Љуљзим Луиџи Бејта. 

Филмски проект е реализиран со поддршка од Агенцијата за Филм на Македонија, во продукција на ПИК ПРОДУКЦИЈА и копродукција со Т4Медиа.