„Разговор за животот” на Агим Абдула на бројни меѓународни фестивали

19/12/2017

 

Филмскиот проект „Разговор за животот” во режија на Агим Абдула и поддржан од Агенцијата за филм на РМ во рок од еден месец влезе во официјалната селекција на овогодинешните изданија на три меѓународни фестивали во Индија - во Делхи, Мумбаи и Колката.

„Разговор за животот“ влезе и во официјалната селекција на интернационалниот фестивал во Атина, Грција “BALKAN CAN KINO FILM FESTIVAL“. Филмот е во конкуренција меѓу четирите филмови од Турција, Бугарија и Хрватска кои ќе се борат за награда на овој фестивал.