ИНФО ДЕН за потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа

26/10/2015

  Министерството за култура на Република Македонија  и Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Словенија (потпрограма МЕДИА), на 29 октомври 2015 година во Инфоцентарот на ЕУ во Скопје, со почеток во 10.30 часот, организира Инфо ден посветен на потпрогрограмата МЕДИА на Креативна Европа.

По официјалното пристапување на Република Македонија во потпрограмата МЕДИА на 24 јули 2015 година, македонските оператори од аудиовизуелниот сектор станаа квалификувани за учество во оваа потпрограма. За време на настанот ќе бидат претставени програмите на ЕУ во кои учествува Република Македонија, вклучувајќи ја и програмата Креативна Европа – потпрограма Култура. 

Главниот фокус на Инфоденот ќе биде промоцијата на акциите од потпрограмата МЕДИА, чии повици за аплицирање се во  тек, и тоа:

Развој на проекти (крајни рокови за аплицирање 19.11.2015 и 24.04.2016) и

ТВ прикажување (крајни рокови за аплицирање 3.12.2015 и 26.05.2016).

Програмата за настанот можете да ја најдете ОВДЕ

 

Заинтересираните своето присуство на настанот  потребно е да го потврдат на следниве електронски адреси:

Министерство за Култура на РМ: bprentoska@gmail.com или dejan_kotev@hotmail.com

или

Агенција за филм на РМ: contact@filmagency.gov.mk