Cross Video Days - Отворен повик за аплицирање!

10/03/2016

     Повикот за аплицирање за 7то издание на маркетот Cross Video Days, кој ќе се одржи od 8-10 јуни, 2016 год. во Париз, е официјално отворен.
     Cross Video Days претставува тридневен настан кој вклучува бројни активности меѓу кои и работилници, индивидуални состаноци, изложби и презентации.Cross Video Days е наменет за интерактивни, мултимедијални проекти нудејќи можности за остварување на потенцијални копродукциски и кофинансирачки соработки.
     Заинтересираните можат да аплицираат со своите проекти во следниве категории (без ограничување на жанрот):
  • Interactive projects
  • Web linear projects
  • Immersive projects
  • Multi-platform projects
     Во соработка со Cannes Film Market,  4 најдобри долгометражни играни проекти од горенаведените категории  ќе бидат претставени во Кан во месец мај и во Париз во месец јуни.
     Краен рок за аплицирање е 21 март, 2016 година.
     Повеќе информации за начинот на аплицирање и условите на следниов линк: http://www.crossvideodays.com/