Започна снимањето на „Три дена во септември“

23/09/2014

На железничката станица во Драчево падна првата клапа на долгометражниот филм на Даријан Пејовски, „Три дена во септември“. Филмот е копродукција помеѓу Скопје Филм Студио (Македонија) и Иконе Студио (Косово) а сценариото го потпишуваат Даријан Пејовски и Игор Иванов.

Септември е психолошки трилер во кој се говори за импликаците од семејното и сексуалното насилство. Јана и Марика се запознаваат во воз и бргу се зближуваат. Одат на село, во изолиран планински крај што крие многу тајни за минатото на Јана. Времето минува бавно и тензично, а сомнежот за нивните вистиснки намери е сé посилен. Една по една, тајните се откриваат.

Главните улоги на Јана и Марика ги играат Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски, директор на фотографија е Димитар Попов, сценографијата ја работи Снежана Поњаниќ – Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска – Атанасовска, а музиката на Александар Пејовски.

Сминањето е предвидено да трае 20 дена на локации низ Скопје, ЈП Јасен и езерото Преспа.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.Македонија.