„Денот да е радосен“ на Фестивалот ДОРФ во Хрватска

13/02/2015

Долгометражниот документарен филм "Денот да е радосен", во режија на Љубица Поповска и во продукција на Award Film & Video ќе учествува во официјалната селекција на реномираниот фестивал на Документарен Рок Филм - ДОРФ во Хрватска (13-15 март, 2015). Филмот кој своја успешна премиера имаше на последното издание на фестивалот Cinedays во ноември минатата година, ќе биде прикажан на 13 Март во Винковци и на 14 Март во Осијек.

Филмот ја следи 15 годишната приказна на скопскиот бенд Културно Уметнички Работници, преку интервјуа со сегашните и поранешните членови на бендот, музички новинари, колеги музичари, фанови и бројни личности од скопската алтернативна сцена, а изобилува и со голем број на архивски снимки, собирани во текот на изминатите години.