„Музејот на Дионис“ селектиран на EAST DOC PLATFORM Project Market

07/03/2016

     Документарниот проект „Музејот на Дионис“ е селектиран во рамки на 7то издание на Project Market, што ќе се одржи во рамки на EAST DOC PLATFORM, најголем настан посветен на документарен филм во централна и источна Европа, во организација на Институтот за документарен филм.

     Настанот ќе се одржи во Прага, на 10 и 11 март, 2016 година. Project Market претставува дводневен настан каде учесниците добиваат шанса да остварат индивидуални средби со акредитирани филмски професионалци. Проектот „Музејот на Дионис“ ќе учествува заедно со 24 останати проекти од централна и источна Европа  во различни фази на реализација, меѓународни дистрибутери, продажни агенти, основачи и фестивалски програмери.

     Филмот е копродукција меѓу Македонија (Трис Филмс) и Бугарија (БДЦ Бугарија) во режија на Атанас Георгиев и Илија Цветковски и истиот е поддржан од Агенција за филм на РМ.