Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Насоки“ на Стефан Командарев премиерно прикажан на Кански филмски фестивал на 26. мај

28/05/2017

 

Долгометражниот игран филм НАСОКИ на режисерот Стефан Командарев во кој Македонија се јавува како земја копродуцент вчеравечер беше прикажан во конкуренција на престижната програма „Извесен поглед” / “Un Certain Regard” на јубилејното 70. издание на Канскиот филмски фестивал, кој годинава се оддржува од 17 до 28 мај.

Официјалната проекција на филмот се одржа во 16:30 часот во салата Дебиси каде присуствуваше актерската екипа на филмот заедно со режисерот Стефан Командарев, како и претставници од сите копродуцентски куќи - учесници во проектот  заедно со фондовите кои истиот го финансираaт. Од Македонија на официјалната премиера  присуствувааа Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентката куќа Сектор Филм кои се јавуваат како македонски продуценти во проектот, директорката на Агенција за филм на Република Македонија, Мими Ѓоргоска Илиевска како и претставници од Агенцијата за филм на Република Македонија. По премиерата на филмот во организација на сите земји копродуценти беше организирана коктел забава која се одржа во рамки на SEE павилјонот.

Покрај официјалната премиера, филмот имаше две проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал на  19. И 22. мај. Во интерес на соодветна промоција на овој значаен успех, Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со продуцентската куќа Сектор Филм обезбедија и рекламни објави во престижните магазини The Hollywood Reporter на 18. мај и Screen International на 24. Мај.

НАСОКИ е филмски проект во кој Република Македонија учествува со малцински финансиски удел и е копродукција помеѓу Арго Филм од Бугарија, Актис Филм од Германија и Сектор Филм од Македонија. Финансиски филмот е поддржан од Бугарскиот национален филмски центар, Регионалниот филмски фонд МДМ, Агенцијата за филм на Република Македонија, како и Европскиот филмски фонд Еуримаж.

НАСОКИ е современа драма чие дејство се одвива во рамките на 24 часа, каде во шест такси возила се испреплетуваат судбините на група луѓе - херои од сегашната балканска реалност. Во тоа деноноќие сме сведоци на некои од реалните проблеми, па дури и апсурди на денешното општество на овие простори. Преку очите на таксистите и клиентите низ улиците, полека ја насетуваме шареноликоста на секојдневието, дури и со своите најтемни нијанси. Поединечните приказни се обединети од една смрт, која сепак ќе даде шанса за нов живот.

Покрај режијата на филмот, Стефан Командарев се потпишува и како сценарист на ова остварување, заедно со младиот талентиран драматург Симеон Венциславов. Македонскиот дел на авторската екипа ја сочинуваат костимографот Жаклина Крстевска и шминкерот Мартин Павловски.