Вечерва премиера на документарниот филм „Дисидент“

18/09/2013

Документарниот филм „Дисидент“, по сценарио и режија на Петар Џуровски, во продукција на „Лавиринт“ ќе биде премиерно прикажан вечерва во кино „Милениум“ во 20 часот.

Преку реконструкција на настаните кои се случувале и докуметарни факти, филмот ги разоткрива табу-темите за ликот и делото на Драган Богдановски, еден од најголемите борци за човекови права и правата на македонскиот народ

Филмот е поддржан од Филмскиот фонд на Р. Македонија.