Две награди за филмот „Мојот превртен свет“ на фестивалот SEE LA

08/05/2017

 

Документарниот филм „Мојот превртен свет“ на креативното дуо Петра Селишкар (режисерка) и Бранд Ферро (директор на фотографија), кој  што е е реализаиран со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и е ко-продукција меѓу Македонија, Словенија и Хрватска, на овогодинешното 12. издание на SEE fest во Лос Анџелос се закити со две награди: Специјална награда од жирито за најдобар документарен филм и награда за најдобра фотографија во документарен филм.

Инаку, SEE LA Fest (Фестивал за филмови од Југоисточна Европа) е фестивал, основан во 2002 година во Лос Анџелос, чиј што концепт е да ги промовира филмовите од Југоисточна Европа, особено филмови што ја раскажуваат пошироката приказна за неа. Фестивалот на овој начин се обидува да и ги отвори вратите на американската публика кон овој регион, промовирајќи ја културната различност на Југоисточна Европа преку годишна презентација на филмови и организирајќи конференции и ретроспективи за студенти и филмски работници со цел да се создадат можности за културна размена меѓу Јужна Калифорнија и Југоисточна Европа.