„Долу од рајот“ со проекции во Скопје и Битола

25/01/2016

    Краткометражниот филм „Долу од рајот“ во режија на Саша Станишиќ почна да се прикажува во кино Милениум и ќе биде на редовниот репертоар на киното една недела. Освен тоа, филмот ќе се прикажува и во Центарот за култура во Битола почнувајќи од 27 јануари.

    „Долу од рајот“ е црна комедија чие дејство се фокусира на Ана, девојче од петнаесет години, која ја заменува својата СИМ картичка од телефонот со онаа на нејзиниот починат дедо. Почнува да се мајтапи со членовите на семејството - испраќa пораки од телефонот на дедо си претставувајќи се во негово име. Ситуацијата станува сериозна кога една од пораките станува реалност.

    Кинематографер е Горан Наумовски а во главните улоги играат: Ана Ошавкова, Ханис Багашов и Зоран Бојаровски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија (Катавеј) и Бугарија (Арс Дигитал) и истиот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.