„Долу од рајот“ и „Слобода или смрт“ со поддршка од SEE Cinema Network

08/11/2013

Во текот на вчерашниот ден (07.11.2013г.) во Солун, Грција се одржа 23то Генерално собрание на SEE Cinema Network (Мрежа на филмски институции од Југоисточна Европа) на која беа присутни претставници од земјите членки на мрежата.
Освен тековните активности на мрежата, на собранието се разгледуваа и пријавените проекти кои аплицираа за финансиска поддршка за развој на регионална ко-продукција за долгометражен филм  и продукција на краткометражен филм.

Претставниците од земјите членки на 23то Собрание донесоа  одлука да бидат поддржани вкупно 5 филмски проекти за развој на регионална ко-продукција за долгометражен филм  и 9 филмски проекти за продукција на краткометражен филм од земјите членки на мрежата. За проектите кои беа поддржани се доделија средства во вкупен износ од 109.500 евра.


Од Р.Македонија поддршка добија следните филмски проекти:

  •   „Слобода или смрт“ во режија на Владимир Блажевски - грант од 7.500евра за развој на долгометражен филм
  •   „Долу од рајот“ во режија на Саша Станишиќ - грант од 8.000евра за продукција на краткометражен филм