„Намини бар еднаш“ на ContraVision Film Festival

30/03/2015

Краткометражниот филм „Намини бар еднаш“ беше прикажан во официјална селекција на Меѓународниот филмски фестивал ContraVision, што се одржа во период од 20-28 март во Берлин, Германија. Филмот беше прикажан на 20 март и влезе во финалето на најдобри 18 филмови одбрани од публиката од прикажани 79 филма од вкупно 24 земји.

Филмот е во режија на Косара Митиќ, во продукција на Скопје Филм Студио и е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.