„Намини бар еднаш“ на фестивал во Хамбург

05/06/2014

   

Краткиот филм „Намини бар еднаш“, во режија на Косара Митиќ, ќе биде прикажан на 30то издание на Меѓународниот фестивал на краткометражен филм во Хамбург, Германија. Фестивалот, кој се одржува во периодот од 3-9 јуни, нуди богата програма каде публиката ќе има можност да ужива во над 400 остварувања од домашната и странска продукција како и во внимателно избраните програми каде ќе бидат прикажани дела од современата филмска уметност како и постари авангардни остварувања.

„Намини бар еднаш“ ќе биде прикажан во склоп на програмата „Балкан“, на 8ми јуни.

ПОдетално за фестивалската програма, ОВДЕ