„Намини бар еднаш“ на фестивал во Белгија

27/11/2014

Краткометражниот филм  „Намини бар еднаш“ во режија на Косара Митиќ а во продукција на Скопје Филм Студио, ќе биде прикажан на 20. издание на Меѓународниот фестивал на краткометражни филмови во Левен, Белгија кое се одржува од 28.11-06.12, 2014 година.

Филмот е дел од селекцијата на балкански филмови и ќе има три проекции на 2, 4 и 6 декември. Како дел од своето јубилејно издание, фестивалот ќе претстави недела исполнета со бројни работилници за деца и надежни филмаџии, концерти, предавања и богата програма на домашни и странски наслови.

Повеќе информации за фестивалот на www.shortfilmfestival.org