„Намини бар еднаш“ на фестивалот за документарен и краток филм во Белград

03/04/2014


Краткиот филм на Косара Митиќ „Намини бар еднаш“ денес со почеток во 17.00 часот ќе се прикаже на фестивалот за документарен и краток филм во Белград, во склоп на специјалната програма Neighbourhood.
Филмот е реализиран во 2013 година во продукција на Скопје Филм Студио и е поддржан од Агенцијата за филм (Филмски фонд на РМ).
Филмот раскажува приказна за Еми, млада девојка, продавачка во драгстор, дебела и со старински стил на облекување. Таа вечер како и секоја друга вечер, љубезно ги услужува купувачите во доцните часови, ни оддалеку не ја насетува опасноста во која се наоѓа.