„Намини бар еднаш“ на фестивал во Данска

24/08/2015

Краткометражниот филм „Намини бар еднаш“ ќе биде прикажан на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Оденсе, Данска, што ќе се одржи во период од 24-30 август во Данска, во чии рамки ќе биде прикажана исклучителна селекција на филмски наслови од Данска и светот.

Филмот ќе биде прикажан во склоп на програмата Југоисточна Европа, на 27, 28 и 29 август.

„Намини бар еднаш“ е приказна за Еми, млада девојка, продавачка, енормно дебела и со старински стил на облекување. Додека таа, како и секоја друга вечер, љубезно ги услужува купувачите во доцните часови, ни оддалеку не ја насетува опасноста во која се наоѓа.

Филмот е во режија на Косара Митиќ, во продукција на Скопје Филм Студио и е поддржан од Агенција за филм на РМ.