EAVE награда за најдобар филмски проект на копродукцискиот маркет When Еast Мeets West во Трст

22/01/2014

Играниот филм „Крани“ кој е во фаза на развој и е поддржан од Mакедонскиот филмски фонд, неделава беше претставен пред еминентни професионалци од филмскиот свет на пичинг-форумот When Еast Мeets West  во Трст, Италија и ја доби наградата од European Audiovisual Enterpeneurs, EAVE.

Повеќе од 200 апликации од Европа беа пријавени за учество на овој престижен настан, но беа претставени само 22 проекти пред селектирана публика.
Единствен претставник од Македонија на WEMW беше проектот „Крани“ во продукција на Фрагмент филм. Сценарист и режисер на филмскиот проект „Крани“ е Ѓорче Ставревски, а продуцент е Емилија Чочкова.

Станува збор за пичинг - форум кој е организиран од  FVG Audiovisual Fund  и филмскиот фестивал во Трст во соработка со EAVE, EUROIMAGES  и со поддршка на MEDIA Програмата, Derizione Centrale per il Cinema – MIBAC и CEI.

На настанот, нашите претставници остварија и повеќе од 20 состаноци со дистрибутери, продуцентски компании и агенти од Европа.
Голем интерес за „Крани“ покажаа филмските професионалци од Холандија, Хрватска и Италија како и од Германија, Британија и Швајцарија.

Наградата  European Audiovisual Enterpeneurs, EAVE  е насочена кон остварување на копродуцентски врски меѓу Европа, Русија, Латинска Америка и арапскиот свет.

Повеќе информации за форумот, ОВДЕ