Објавени PRODUCERS ON THE MOVE 2014

23/04/2014

25  најнадежни продуценти од цела Европа се дел од проектот  Producers on the move (Продуценти во движење), иницијатива на European Film Promotion (EFP) кои ќе бидат претставени во склоп на годинешниот Кански филмски фестивал. во периодот од 17-19 мај. Producers on the move е настан кој се одржува на годишно ниво и претставува збирно место за остварување контакти со филмски професионалци со цел размена на знаења, искуства и идеи со своите колеги од Европа и можна копродукциска соработка на актуелните проекти.

Огнен Антов од продуцентската куќа Дрим Фектори е овогодинешниот македонски претставник во „Продуценти во движење“.

Подетално за PRODUCERS ON THE MOVE 2014 на www.efp-online.com