Денес се отвора ЕХО Фестивалот за планински филм

17/10/2016

Денес со почеток во 19:00 часот во кино Милениум започнува седмото издание на ЕХО Фестивалот на планински филм.

Фестивалската програма ќе опфати 50-тина филмови, со проекции во кино „Милениум“, кино „Фросина“ и во Џепното кино на Младинскиот културен центар.

Целосната програма можете да ја погледнете на следниот линк:

http://www.ehofilmfest.mk/mk/programa

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Влезот за сите проекции е бесплатен.