Едукативна работилница на тема: Модерно тонско студио - концепт и организација на процесот

26/05/2014

Филмскиот Центар Вардар Филм во соработка со Агенцијата за филм на Република Македонија организира еднодневна едукативна работилница на тема: „Модерно тонско студио - концепт и организација на процесот“. Работилницата ќе се одржи на 29.05.2014г. (четврток), во 13.00 часот, во просториите при катедрата за тон.

Предавач на работилницата е Бранко Нешков, монтажер на тон и сопственик на Loudness Films и Pedro & Branko Lda, компании за пост продукција.

Работилницата е наменета за професионалци од областа на постпродукцијата на тон, и на неа ќе присуствуваат студенти од Факултетот за драмски уметности и  Универзитетот за Аудио Визуелни Уметности- ЕСРА, како и локални дизајнери на тон.