Заврши снимањето на краткометражниот „Влакна“

18/07/2013

 

Деновиве во Битола заврши снимањето на краткометражниот филм „Влакна“ по сценарио и режија на Елеонора Венинова. Снимањето траеше една недела, на повеќе локации во Скопје, Битола и Скопска Црна Гора.

Филмот е во продукција на Партес и е поддржан од страна на Филмскиот фонд на Македонија, а  се очекува да биде промовиран во рамки на овогодишното издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Главните улоги ги толкуваат македонската актерка Ирена Ристиќ и српскиот актер Бојан Жировиќ, а играат и Слаѓана Вујошевиќ и Марија Арсенкова. Продуцент на филмот е Небојша Илиевски, директор на фотографија е Димо Попов а автор на музиката е Дејан Спасовиќ.

Повеќе информации за филмот, ОВДЕ