„Преекспонирано“ и „Влакна“ на Елеонора Венинова во Белград

19/11/2015

Сценариото за филмот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, кое што има добиено грант за развој од Агенцијата за филм во 2012 година ќе учествува на работилницата Balkan FIlm Connection во Белград од 1-5 декември. Balkan FIlm Connection претставува петдневна работилница која што ќе се одржи во рамките на Фестивалот на авторски филм, наменета за студенти по филм и млади филмски професионалци од југоисточна Европа.

Воедно, во рамките на фестивалот ќе има проекција со одбрани филмови на учесниците на работилницата на која ќе биде прикажан и македонскиот краткометражен филм „Влакна“ во режија на Елеонора Венинова (среда, 02.12 од 17:00 во Кинотеката во Белград)

Повеќе информации за останатите учесници и програмата на следниот линк:http://balkanfilmconnection.com/participants/