Заврши снимањето на „Трето полувреме“

28/10/2011

Последната сцена од филмот „ Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски беше снимана во вторник на 27 Октомври во Скопје пред Меморијалниот Центар на Холокаустот. Филмот зборува за една љубовна приказна на една жена која во 40 те години на минатиот век успева да го избегне Холокаустот на 7200 Македонски Евреи кои биле депортирани во логорот на смртта Требленика од страна на Бугарските фашистички власти. Филмот „Трето полувреме“ е сниман 6 недели на различни локации во Македонија. Пост- продукцијата ќе започне во наредните три недели во Република Чешка, а негова комплетна реализација се очекува на пролет идната година. Улогите во филмот ги толкуваат: Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Тони Михајловски итн.