Euro Mediterranean Coproduction Forum 2015 - Отворен повик за аплицирање

16/07/2015

Повикот за аплицирање на 6то издание на Euro Mediterranean Coproduction Forum, што ќе се одржи во период од 1-3 октомври во Лече, Италија е официјално отворен.

Euro Mediterranean Coproduction Forum има за цел да поттикне соработка помеѓу филмските професионалци меѓу кои продуценти, финансиери, експерти и дистрибутери. Учесниците ќе добијат можност да ги претстават своите проекти во фаза на развој и да остварат контакти со потенцијални финансиери. Програмата предвидува предавања од страна на екперти од индустријата како и индивидуални состаноци помеѓу учесниците со цел да овозможи размена на искуства во насока на обезбедување на копродукциски соработки.

Повикот е отворен за продуценти со завршени филмски проекти (долгометражни и документарни филмови и ТВ серии) и проекти во фаза на развој (не се прифаќаат проекти во фаза на продукција) кои како дел од својата содржина обработуваат теми поврзани со Европа или Медитеранот и имаат обезбедено најмалку 30% од вкупниот буџет.
 

Краен рок за аплицирање е 6ти август, 2015 година.

Апликацијата можете да ја најдете на следниов линкwww.forum.apuliafilmcommission.it

Проектот е реализиран под покровителство на Еуримаж во соработка со ACE Sofia  и Sofia  Meetings и е кофинансиран од European Regional Development Fund.Трошоците за пат и сместување на продуцентите чии проекти ќе бидат избрани ќе бидат покриени од организаторите на настанот.
 

Повеќе информации за настанот на http://en.apuliafilmcommission.it/projects/euro-mediterranean-coproduction-forum