Европска премиера на македонскиот филм “ЏГАН” на филмски фестивал во Холандија

11/11/2016

Македонскиот филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија  своето прво прикажување пред холандската публика го имаше на Филмскиот фестивал „Источни соседи” (“Eastern Neighbours Film Festival”) што се одржува од 09.-13. ноември во Хаг. Фестивалот ги презентира најдобрите филмови од источна и југо-источна Европа со цел да ја доближи кинематографијата на овие земји поблиску до холандската публика. „Џган“ својата проекција ја имаше на 10. ноември во 21:45 часот и тоа во натпреварувачката селекција “CURRENT ENGAGING CINEMA”.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски и др.

Дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

 Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.