Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Филмови подржани од страна на Филмски Фонд на Република Македонија на 10то издание на фестивалот на Европски филм CINEDAYS

14/11/2011

  • Премиера на еден документарен и  три кратки македонски филмови

„Луѓе без земја“ во режија на Марко Ѓоковиќ на 11.Ноември со почеток во 20:00ч во склоп на фестивалот „Синедејс  ја имаше својата премиера во киното „Милениум“ во Скопје.Филмот посветен на егејското прашање, а најмногу инспириран од пожртвуваната партизанка Вера Фотева, е трогателна приказна за важното поглавје на Македонија. На премиерата присуствуваше и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Пред публиката се поклони филмската екипа што работеше на проектот.Сценариото е дело на Атанас Кировски, а актерката Верица Недеска-Трајкова, која ја толкува Фотева како млада, за жал, не беше присутна на премиерата. Публиката ја поздравија: актерите Горан Трифуновски, Александар Микиќ, Марина Поп Панкова, Наџи Шабан и други, како и останатиот дел од авторската екипа. Филмот е во продукција на „Њу момент видео хаус“.

„Девојчето со кибритчињата“ во режија на Филип Матевски на 11.Ноември со почеток во 18:00ч во  рамките на „Синедејс  ја имаше својата премиера во киното „Фросина“ во Скопје.Филмот базиран на расказот Девојчето со кибритчињата на Ханс Христијан - Андерсен. Главниот лик во филмот е девојче сирак, бездомник кое наместо да проси продава кибрити на улица. Дејствието на филмот го следи последниот ден пред смртта на девојчето кое замрзнува од студ вечерта на Нова Година.

„Образ“ во режија на Стефан Сидовски на 12.Ноември со почеток во 19:00ч во рамките на „Синедејс  премиерно беше прикажан во киното „Фросина“ во Скопје. „Образ“ е краток филм за долгите страдања на луѓето од социјалното дно. Топла приказна за загрозениот образ на ризични групи од населението. Но и своевидна ода за моралната вистина и човечката издржливост на една само навидум!- кревка жена.

Проекцијата на краткиот филм „Митот за Сара“ ќе се одржи на 17ти Ноември во Киното Милениум со почеток во 20:00 часот.„Митот за Сара“ ја раскажува приказната за посетата од страна на Сара Бернар на француските војници на македонскиот фронт, во близина на градот Битола. Приказната започнува со доаѓањето на Сара Бернард во Битола во Август 1916 година. Во Битола доаѓа поради заљубеноста во еден француски генерал кој е еден од командантите на Фронтот а воедно и да ја забавува француската војска. Таа во тоа време имала 17 години и во Битола се задржала само едно деноноќие.

  •  Македонска премиера на „Малиот бог на љубовта“ 

На 16ти Ноември со почеток во 19:00 часот во Киното Фросина  ќе се прикаже филмот „Малиот бог на љубовта“ по сценарио и режија на Жељко Сошиќ. Оваа проекција на филмот ќе биде премиерна во Македонија. „Малиот бог на љубовта“ е приказна за добро ситуиран македонски лекар живее удобно со својата сопруга во Црна Гора благодарејќи на наследството што го наследил од своите родители. Одеднаш, тој се соочува со неочекувани пресврти во животот. Неговата сопруга исчезнува без трага, банката каде тој ги чува своите пари е во банкрот, полицијата го одзема неговиот пасош. Сам, напуштен и без помош, тој е оди на осамено патување ... 

Филмот е копродукција помеѓу Словенија/Црна Гора/Македонија. Продуцент од Македонија е  Продуцентската куќа Кавал Филм.

 

  • Македонска премиера на „Состојба на шок“


На 17ти Ноември со почеток во 20:00часот во Киното Милениум ќе се прикаже филмот „Состојба на шок“ по сценарио и режија на Андреј Кошак. Оваа проекција на филмот ќе биде премиерна во Македонија.Состојба на шок е носталгична комедија за капитализмот и транзицијата на социјалните вредности во текот на изминатите 20 години кои комплетно ги променија Источно Европските земји.Тоа е приказна за изгубените чувства и моќта на чесниот човек.Филмот е копродукција помеѓу Словенија/Бугарија/Македонија/Србија/Босна и Херцеговина. Продуцент од Македонија е Продуцентската куќа Панк Филм.

 

 

 

Дневник: „Луѓе без земја“ ги собра воздишките

Дневник: Приказната за Егејците е приказна за сите

Утрински Весник: Премиерно прикажан филмот за Вера Фотева - „Луѓе без земја“

Курир: Филмот „Луѓе без земја“ ја доживеа својата премиера

Канал5: „Луѓе без земја“- филм за вистината на Егејците

МРТ: Премиерно прикажан филмот за Вера Фотева - „Луѓе без земја“

МИА: Премиерно прикажан филмот за Вера Фотева - „Луѓе без земја“