Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

FIRST FILMS FIRST Отворен повик за пријава!

22/02/2017

 

Повикот за пријава на работилницата FIRST FILMS FIRST е официјално отворен. Се работи за интензивна работилница во организација на Институтот Гете наменета за поддршка на филмски професионалци од југоисточна Европа, кои имаат дебитантски долгометражни проекти во развој.

FIRST FILMS FIRST се состои од 4 модули кои се  распоредени во текот на една година, со цел да им овозможат на учесниците детален развој на нивните долгометражни проекти.

Во програмата ќе бидат вклучени 8 учесници со цел прорамата индивидуално да се менува и приспособува согласно специфичните потреби на секој од учесниците.

Првиот модул ќе се одржи во месец јуни во рамки на Меѓународниот филмски фестивал во Трансилванија, Романија, по што следува второт модул во септември во рамки на Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Македонија и третиот модул во ноември/декември во рамки на Филмски фестивал на непрофесионален филм, Србија. Четвртиот и последен модул ќе се одржи во месец март, 2018 година во рамки на Меѓународниот филмски фестивал во Софија, Бугарија.

Краен рок за пријава е 3. март, 2017 година.

Детални информации за програмата можете да најдете на www.firstfilmsfirst.com