Премиера на "Образ" во Скопје

15/12/2011

Премиерата на филмот "Образ" ќе се одржи на 19 Декември 2011г. во кино Фросина во Мaкедонскиот Културен Центар со почеток во 19 часот. 
"Образ" е топла приказна за една кревка мајка, само навидум кротка...таа се бори, опстојува...сосем сама да го сочува својот образ, да овозможи достоинствен живот на своето чедо и покрај сите подмолни удари на животот.
Главните улоги ги толкуваат Магдалена Ризова- Черних, Александар Микиќ, Мартин Јованов, режијата е на Проф. Др. Стефан Сидовски.
Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Република Македонија а е во продукција на филмската продуцентска куќа Арка Медиа.

Вечер: Премиера на Образ

Нова Македонија: Премиера на филмот „Образ“

Плус Инфо: Премиера на „Образ“

Тајм Мк:Премиера на филмот „Образ“

Панорама: ОБРАЗ ВО КИНО ФРОСИНА