„Образ“ со две награди во Италија

17/09/2013

Краткометражниот филм „Образ“ во режија на Стефан Сидовски и продукција на Арка Медиа освои две награди на Меѓународниот фестивал Св.Јован од Верона, кој се одржа во Италија од 23-27 јули.

Наградата за Најдобро сценарио му е доделена на сценаристот Велко Неделковски заради иницијативноста на приказната во прикажувањето на социјалната историја на бедата и угнетувањето.

Специјалната награда „Солидарета“ му е доделена на филмот „Образ“ од страна на ФЕВОС и Секторот за еднакви можности на градот Верона заради неговиот социјален карактер во претставувањето на културата на солидарноста како социјална свест.

„Образ“ го продолжува своето фестивалско прикажување на  Меѓународниот фестивал на детски филмови во Чикаго од 25 октомври до 3 ноември 2013 година, и 9то издание на Меѓународниот детски филмски фестивал  што ќе се одржи во Индија.

Филмот е поддржан од Филмски фонд на Р. Македонија.