„Татко“ награден на Филмски фестивал во Задар

03/09/2015

„Татко“ во режија на Висар Морина ја доби својата седма награда на  Аввантура Филм Фестивал Задар, кој се одржа во период од 23-29 август.  Вал Малоку ја доби наградата за најдобар актер.

Филмот доби и награда за најдобра режија на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари.

„Татко“ е трогателна, брутално искрена приказна за десетгодишно момче во потрага по својот татко, кој го напушта за да почне нов живот во Германија.Филмот е германско/косовска/француско/македонска копродукција, со Скопје Филм Студио како малцински продуцент од Македонија.