Заврши снимашето на „Златна петорка“

13/11/2015

Денес во Струмица долгометражниот игран филм „Златна петорка“ ја имаше својата последна клапа. Филмот е во продукција на „Револушн“ - Скопје, копродуценти се Македонската телевизија и Арт-попкорн од Белград, а помагатели на проектот се Општина Струмица, Босилово и Василево.

Сценариото го потпишуваат Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева заедно со косценаристот Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски,  а во филмот играат актерите: Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Александар Ристевски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски, Дине Дрваров, Стојан Велков и други.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.