Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Започна снимањето на „Ах, љубов моја“

25/04/2016

 

     Деновиве во Скопје започна снимањето на долгометражниот игран филм “Ах љубов моја”, во режија на Коле Ангеловски. Филмот e предвидено да се снима до 18 мај на локации во Скопје и Маврово. На покана на продуцентите на филмот, сетот го посетија и Министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа Милевска и директорката на Агенцијата за филм, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска.

       Министерката за култура истакна дека посебно ја радува фактот што со поддршката на овој филм ќе придонесе кон еден диверзитет во македонската кинематографија. Очекувањата за проектот се големи особено земајќи го во предвид огромното искуство и целокупното творештво на реномираниот режисер, Коле Ангеловски. Таа воедно најави дека преку Агенцијата за филм ќе се продолжи со сериозна поддршка на филмската индустрија во Македонија.

        Директорката на Агенцијата за филм истакна дека и претставува задоволство што може да присуствува на проект кој започнал да се реализира, а кој Агенцијата за филм го има поддржано со Програмата 2015 со средства во износ од 14,3 милиони денари.

        “Ах љубов моја” е комедија за позната пејачка, која по успешната турнеја и бурните емотивини проблеми кои ги има по раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа се појаува нејзиниот поранешен љубовник, за да се поздрави со неа и се тргнува наопаку. Следат изненадувачки средби, неочекувани личности, комични ситуации...

     Во филмот играат актерите Нина Деан, Атанас Атанасовски, Марија Кондовска, Александар Микиќ, Соња Стамболџиоска, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.Директор на фотографија е Роберт Јанкулоски, сценограф е Илина Ангеловска, а костимите се на Раде Василев и Лира Грабул.

        Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РМ и е во продукција на Авард Филм и Видео, а како ко-продуценти се јавуваат КТ Филм и Медиа и Квазар Филм. Очекувањата се филмот премиерно да биде прикажан годинава на Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.