Во Битола започна снимањето на долгометражниот проект „Банат“

18/03/2015

Во Битола започна снимањето на долгометражниот игран филм ‘‘ Банат‘‘, копродукција помеѓу Италија, Македонија, Романија и Бугарија, во режија на Адриано Валерио. Филмот ќе се снима пет недели, од кои две недели снимање во Македонија, во Битола и Преспа.

Во филмот учествува македонска екипа од 12 соработници и 50 статисти. Македонски копродуцент се ‘‘КТ Филм и Медиа“.   

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Македонија.