Доделени наградите на МакеДокс

23/06/2014

      

Фестивалот на креативен и документарен филм – МакеДокс, ги додели наградите на своето петто издание, кое се одржа во периодот од 14-20 јуни, во Куршумли ан и МКЦ.

Годинава, жирито ја додели наградата "Кромид" за најдобар филм во натпреварувачката програма на Карл Хавер за филмот "Откачи".

За најдобар филм на нов автор годинава е прогласен "Враќање во Хомс" на Талал Дерки,  а во истата категорија посебно признание му се оддава на Младен Ковачевиќ за "Анплагд". Најдобар филм за деца и млади на годинешното петто издание на "МакеДокс" и добитник на наградата "Кокарче" е филмот "Среќа" на Томас Балмеш, а жирито  Специјалната награда за филм со најдобри етички идеи ја додели на филмот "Јоана" на режисерката Анета Копач.