Фестивалски учества на филмот „Ќе дојдат децата“

18/07/2017

 

Краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“, на режисерката Ана Јакимска, својата светска премиера ја имаше на Меѓународниот Филмски Фестивал во Трст на 27 јануари 2017.

Пред македонската публика филмот беше прикажан во рамките на Скопскиот Филмски Фестивал на 26 април 2017.

Филмот беше прикажан на 20-тото издание на Меѓународниот Филмски Фестивал во Шангај (Р. Кина), каде освои номинација за најдобар краток филм. На овој фестивал, филмот се натпреваруваше за престижната награда Голден Гоблет и беше прикажан пред кинеската публика на 21 јуни 2017.

Потоа, на 4 јули 2017 филмот учествуваше и на Balkan Film & Food Festival во Албанија, а во август следува и негово прикажување во официјалната селекција на Филмскиот Фестивал во Херцег Нови, во Црна Гора.

Инаку филмот „Ќе дојдат децата“ е базиран на македонскиот фолклор и раскажува приказна за Велика, млада учителка која е испратена во едно планинско село да подучува.

Улогите во филмот ги толкуваат Наташа Петровиќ, Шенка Колозова и Владимир Петков – Шкаља.

Филмот е во продукција на КРУГ Филм, а финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Македонија.