Заврши снимањето на „Борба за смрт“

07/08/2015

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Борба за смрт“ по сценарио и режија на Елеонора Венинова. Филмот се снимаше изминатава недела на локација во мариовското село Кален.

„Борба за смрт“ се реализира во продукција на „ДНФ филмс“, продуцент е Гоце Кралевски, директор на фотографија е Димо Попов.Во улогата на двајцата дедовци се актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски.
 
Проектот минатата година освои и награда за најдобро сценарио на „Драма пичинг лаб“, работилница која се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.
„Борба за смрт“ е поддржан и од Агенција за филм на Република Македонија.