Утре почнува снимањето на филмот „Борба за смрт“

31/07/2015

Во мариовското село Кален утре (1ви август) започнува снимањето на краткометражниот филм „Борба за смрт“ по сценарио и режија на Елеонора Венинова.

Филмот е парадоксална драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село. Обата лика се убедени дека гробното место помеѓу гробовите на нивните најблиски е нивно и никој не сака да попушти, па одлучуваат да останат покрај гробот додека еден од нив не умре.„Борба за смрт“ се реализира во продукција на „ДНФ филмс“, продуцент е Гоце Кралевски, директор на фотографија е Димо Попов.Во улогата на двајцата дедовци се актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски.
 
Проектот минатата година освои и награда за најдобро сценарио на „Драма пичинг лаб“, работилница која се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.
„Борба за смрт“ е поддржан и од Агенција за филм на Република Македонија.