„Борба за смрт“ на Филмскиот фестивал во Пула

19/06/2017

 

Краткометражниот игран филм „Борба за смрт“, во режија на Елеонора Венинова и во продукција на Гоце Кралевски и ДНФ Филмс, кој е реализиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм на РМ, ќе учествува на Филмскиот фестивал во Пула, Хрватска, кој ќе се одржи од 15-22 јули 2017. Филмот е во официјална конкуренција, во селекцијата за кратки филмови, со уште 18 филмови од целиот свет.

Филмскиот фестивал во Пула е еден од најпрестижните регионални фестивали, а на неговото 64-то издание ќе бидат прикажани стотина филмови во неколку натпреварувачки категории.

Пред учеството во Пула, „Борба за смрт“ ќе биде прикажан и на Балкан Филм анд Фуд фестивал во Поградец, Албанија на почетокот на јули, а во јуни филмот беше прикажан и во Париз, на фестивалот за филмови од југоисточна Европа, СЕЕ Филм Фест.