„Борба за смрт“ и „Устав на Р. Хрватска“ на фестивалот во Монтреал

24/08/2016

Краткометражниот филм „Борба за смрт“ по сценарио и во режија на Елеонора Венинова (ДНФ Филмс) и долгометражниот „Устав на Р. Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ ќе бидат дел од овогодишното издание на Montreal World Film Festival, што ќе се одржи од 25 август - 5 септември во Канада. „Устав на Р. Хрватска“, копродукција помеѓу Хрватска, Македонија (Револушн), Чешка и Словенија, ќе биде прикажан во официјална конкуренција со проекции на 3 и 4 септември.

„Борба за смрт“ во периодот кој следи ќе биде прикажан и на три други значајни меѓународни фестивали: „Енкаунтерс шорт филм енд анимејшн фестивал“ во Бристол, Велика Британија на „Меѓунаротниот фестивал за краток филм во Драма, Грција и на шведскиот „Лајв ет харт“ фестивал. Филмот се снимаше минатото лето во мариовското село Кален. Во улогата на двајцата дедовци се актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Сценариото за филмот учестуваше на неколку работилници за развој на кратки филмови во Литванија, Романија и во Грција, а минатата година освои и награда за најдобро сценарио на „Драма пичинг лаб“.

Филмовите се поддржани од Агенција за филм на Република Македонија.