„Борба за смрт“на Венинова на фестивал во Индија

04/07/2016

„Борба за смрт“ во режија на  Елеонора Венинова, е дел од официјалната конкуренција на седмото издание на Филмскиот фестивал за краток филм JAGRAN SHORTS, Индија.

Филмот во текот на месец септември ќе биде прикажан во 16 града во Индија.

Филмот е во продукција на ДНФ Филмс и истиот е поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.