„Борба за смрт“ со телевизиска дистрибуција во Европа, САД и Азија

04/04/2018

 

Краткометражниот филм „Борба за смрт“ е еден од ретките филмови кој обезбеди телевизиска дистрибуција, преку каналот Shorts TV, во Европа, Азија и Северна Америка, со што наградуваниот филм на авторката Елеонора Венинова продуциран од Гоце Кралевски од ДНФ филмс ќе стане достапен за милионската публика на овие континенти.

Филмот ќе се најде на телевизиските екрани во друштво на 3000 други филмови од целиот свет, меѓу кои се и кратките филмови номинирани за Оскар во изминатите 12 години, како и престижни документарни кратки филмови. Shorts TV е специјализиран филмски канал за кратки филмови кој во Европа се емитува во Германија, Белгија, Холандија, Словачка, Унгарија и Србија, а е достапен и преку поголемиот број кабелски оператори во САД. Каналот има соработка со престижни филмски фестивали од целиот свет од каде што ги селектираат и филмовите за нивниот каталог.

Филмот досега освои 6 награди и учествуваше на 40тина фестивали ширум светот, вклучувајќи голем број на фестивали кои се квалификациски за БАФТА, Оскар и Европските филмски награди.