Изложба на плакати и проекција на три филмови за Денот на независноста на Република Македонија

07/09/2016

 

Кинотека на Македонија во соработка со Агенцијата за филм на Република Макеоднија се вклучува во одбележувањето на 25-годишнината од независноста на Македонија преку изложба на филмски плакати и проекција на три филмови од најновата македонска продукција.

Изложбата беше поставена на 6. септември додека проекциите започнуваат денес и ќе завршат еден час после полноќ на 8. септември.

Денес со почеток  од 18.00 часот ќе биде прикажан филмот „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски, во четврток во 20.00 часот гледачите ќе можат да го погледнат „До Балчак“ на Столе Попов, додека во петок во 23.00 часот ќе биде прикажан „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски.

Влезот за филмските проекции е бесплатен.

Филмовите се поддржани од Агенција за филм на Република Македонија.