Започна снимањето на долгометражниот филм „Враќање“

12/09/2013

Неделава започна снимањето на долгометражниот филм „Враќање“ во режија и сценарио на Кастриот Абдули. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Косово и е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија и Центарот за кинематографија на Косово.

Приказната е сместена во Македонија, во 2000 година, време каде се преплетуваат старото со новото, традиционалното со модерното, западното со балканското, патриархализмот со глобализмот. Илир, албанец кој мигрирал на запад, во Германија, се запознава таму и одлучува да се ожени со една германка Сабина што наидува на неодобрување од страна на неговата фамилија.

Филмот е планирано да се снима на повеќе локации во Македонија (село Јаболце, општина Сопиште и неговата околина) и дел во Албанија.

Улогата на Сабина и е доделена на француската актерка Делфин Депардје, а остатокот од екипата ја сочинува Сељман Љокај, Хазир Хазири, Сафете Ругова, Сефедин Нуредини, Теута Ајдини.