Премиерот Груевски и министерката Канческа-Милевска на снимањето на „Трето полувреме“

05/10/2011

Фудбалските сцени од филмот „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски овие денови се снимаат во Хавзи-пашините конаци во скопско Бардовци. Вчера Премиерот Груевски и Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска присуствуваа на снимањето на сцена од фимот. Смимањето на „Трето полувреме“  е почнато од 10ти септември и според филмската екипа истото треба да заврши кон крајот на овој месец.
Филмот раскажува вистинска приказна за фудбалскиот клуб „Македонија“ (претходник на „Вардар“), кој успеал да влезе во финалето во лигата против бугарскиот „Левски“. Фудбалскиот тим „Македонија", предводен од Евреинот Шпиц, и „Левски" се борат за првото место во Националната лига за време на Втора светска војна, но на „Македонија" неправедно и го поништуваат голот, нервозната публика влегува во стадионот, натпреварот се растура... Ова е дел од клучниот фудбалски натпревар од филмот „Трето полувреме" што вчера се снимаше во Хавзи-пашините конаци.

 

Дневник: Премиерот Груевски на снимањето на „Трето полувреме“

Вечер: На "Македонија" и го поништија голот, публиката влезе во стадионот

ИнфоПлус: „Трето полувреме“на половина пат

МИА: Премиерот Груевски на снимањето на „Трето полувреме“ кај Хавзи-пашините конаци во Бардовци

Сител: Премиерот Груевски на снимањето на „Трето полувреме“

Канал5: Груевски и Канческа Милевска на снимањето на филмот „Трето полувреме“

 

Повеќе за „Трето полувреме“