Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Заврши снимањето на филмот „Истерувачи на злото“

27/07/2017

 

По подолг период, кино публиката ќе има можност да погледне автентичен детски филм. Имено штотуку заврши снимањето на филмот „Истерувачи на злото“, во режија на Рашко Миљковиќ, кој во текот на 5 недели се снимаше во Белград.

Оваа прекрасна семејна приказна, работена според мотивите на книгата „За едно копче и среќа“, на Јасминка Петровиќ, се реализираше со поддршка на Филмскиот центар на Србија, под-програмата МЕДИА на Креативна Европа, Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за образование на Република Србија, како и градот Белград.

„Истерувачи на злото“ е филм кој ќе ги охрабри сите деца да создадат поубава животна средина, додека сите постари ќе ги врати назад во времето и ќе ги потсети колку би било убаво да се живее во паралелен свет на фантазијата.

„Истерувачи на злото“ е приказна за Јован, момче од десет години, кој е роден со делумна церебрална парализа. Неговиот живот е условен од оваа ситуација. Преку својата имагинација Јован бега во светот на фантазијата во која, непречен од неговата физичка попреченост, тој е слободен да направи се и да биде оној кој сака, еден вид Суперхерој.

Филмот кој жанровски се движи помеѓу Авантура, Научна фантастика и Семеен филм, се очекува да биде прикажан пред публиката на пролет следната година.

Улогите во филмот ги толкуваат Михајло Милавиќ, Силма Махмут, Јелена Докиќ, Јелена Јованова, Бојан Жировиќ и Милутин Милошевиќ. Сценариото е на Марко Манојловиќ и Милош Кречковиќ. Продуценти се Јована Караулиќ и Огнен Антов, т.е. продуцентски куќи Акција Продукција од Србија и Ко-продуцентот од Македонија Дрим Фектори.