Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Регионален EAVE on DEMAND за првпат во Македонија

04/11/2014

          

EAVE во соработка со Агенцијата за филм на Република Македонија во рамки на Фестивалот на европски филм „CineDays“ 2014 година организира за прв пат регионален EAVE ON DEMAND кој ќе се одржи во период од 15 до 18 Ноември 2014 во Младинскиот културен центар.

По процесот на евалуација на пристигнатите проекти од сите земји во регионот се избраа 8 долгометражни играни проекти кои ќе се развиваат во рамките на оваа работилница и тоа:

 

Со сценарио – 5 проекти:

-  “Mirror of the nightingales” – продуцент и сценарист Карла Лулич, режисер: Дан Оки, Хрватска

-  “Flying is like love making” – продуцент: Дејан Крајчевски, режисер и сценарист: Дина Дума, Македонија

-  “Stela” – продуцент: Огнен Антов, режисер: Стојан Вујичиќ, сценарист: Ева Камчева, Македонија

-  “The Wizard”  - продуцент и сценарист: Марко Качански, режисер: Драган Станковиќ, Србија

-  “Flying circus” – продуцент: Вјоша Бериша, режисер и сценарист: Фатос Бериша, Косово

 

Со тритмент – 3 проекти:

-  “Brunesha (Sworn Virgin)” – продуцент и режисер Саша Станишиќ, сценарист: Бурим Муслиу, Македонија

-  “The Hampered” - продуцент и режисер Роберт Будина,  сценарист: Исмаил Кадаре, Албанија

-   “Us and Them” – продуцент Ања Јеремич, режисер и сценарист: Горана Јованович, Србија

 

Експерти од EAVE (European Audiovisual Entrepreneurs) кои ќе работат на развој на проектите се:

- Jean Des Forêts, продуцент (Франција),

- Jacques Akchoti, сценарист, консултант за сценарио (Франција),

- Didar Domehri, продуцент, селс агент (Франција) и

- Hayet Benkara - селс агент (САД). 

 

Повеќе информации за работилницата можете да најдете на официјалната веб страна на Агенцијата за филм на Република Македонија и EAVE (European Audiovisual Entrepreneurs):

http://www.filmfund.gov.mk/Funding/Call-for-application

 http://eave.org/programmes/macedonia-2014/